
Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13:50 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.
Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапк, соопшти МВР.