Хроника

Прегазено 9-годишно девојче во скопско, возачот избегал

6. февруари 2019 - 11:38 | МИА

На патот село Лека – село Крушопек, скопско, вчера во 17:15 часот патничко возило, управувано од непознат возач, удрило во пешак – деветгодишно девојче од село Крушопек и го напуштило местото.

Девојчето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Коментирај