УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Преглед на 2. коло ден 3 од Лигата на нации

Заврши третиот ден од 2. коло од новата сезона во Лигата на нации. Ја одбележа пресметката на последните мундијалски финалисти Франција и Хрватска, како и блесокот на Кристијано Роналдо против Шведска.

Лига А

Група 2

Исланд поведе на гостувањето кај Белгија уште во 10. минута, но сѐ што направи беше само да ги разлути Белгијците кои потоа ја наполнија мрежата на гостите.

Белгија - Исланд 5:1
13' Аксел Вицел, 17', 69' Мичи Батшуаји, 50' Дрис Мертенс, 79' Жереми Доку - 10' Холмберт Арон Фридјонсон

Тврд натпревар без многу конкретни шанси одиграа репрезентациите на Данска и Англија кои на крајот ги поделија бодовите без да се затресат мрежите.

Данска - Англија 0:0

Табела:

  1. Белгија 6 7:1
  2. Англија 4 1:0
  3. Данска 1 0:2
  4. Исланд 0 1:6

Група 3

Репризата на финалето од Мундијалот во 2018 заврши со истиот резултат како и тој натпревар во Москва, но со различни стрелци. Хрватска поведе преку Ловрен, а потоа Гризман и автоголот на голманот Ливаковиќ донесоа пресврт за Французите во последните минути од првиот дел. Десет минути по паузата Брекало израмни на 2:2, но потоа Упамекано и Жиру со два гола донесоа победа за Французите.

Франција - Хрватска 4:2
43' Антоан Гризман, 45'+1 (аг) Доминик Ливаковиќ, 65' Дајот Упамекано, 77' Оливје Жиру - 17' Дејан Ловрен, 55' Јосип Брекало

Нов пораз на домашен терен за Шведска. Овој пат трите бода ги однесе актуелниот бранител на титулата, Португалија, и тоа со двата гола на Роналдо. Првиот од слободен удар откако Густав Свенсон направи фаул за втор жолт и исклучување, а вториот прекрасен лоб удар од работ на шестнаесетникот.

Шведска - Португалија 0:2
45'+1, 72' Кристијано Роналдо

Табела:

  1. Португалија 6 6:1
  2. Франција 6 5:2
  3. Шведска 0 0:3
  4. Хрватска 0 3:8
Лига Ц

Група 1

Нов домашен пораз за Кипраните. Откако потклекнаа пред Црна Гора во 1. коло, сега загубија и од Азербејџан кој, пак, го поправи впечатокот по поразот дома од Луксембург.

Кипар - Азербејџан 0:1
29' Максим Медведев

Црногорците се мачеа на гостувањето кај Луксембург кој ја контролираше играта, но на крајот загуби. Пенал во судиското надополнување им ги донесе трите бода на гостите кои по две кола имаат максимален скор.

Луксембург - Црна Гора 0:1
90'+3 (пен) Фатос Беќирај

Табела:

  1. Црна Гора 6 3:0
  2. Луксембург 3 2:2
  3. Азербејџан 3 2:2
  4. Кипар 0 0:3

Група 2

Ерменците ја оправдаа улогата на фаворит со Естонија и со по еден гол во двете полувремиња за запишаа првата победа откако во 1. коло загубија во Скопје.

Ерменија - Естонија 2:0
43' Александр Карапетјан, 65' Вбејмар

Грузија и Македонија ги поделија бодовите играјќи 1:1 во Тбилиси.

Грузија - Македонија 1:1
13' (пен) Торнике Окријашвили - 33' Стефан Ристовски

Табела:

  1. Македонија 4 3:2
  2. Грузија 4 2:1
  3. Ерменија 3 3:2
  4. Естонија 0 0:3
Лига Д

Група 2

Дербито на дното се играше во Сан Марино каде домашната репрезентација гаеше надеж дека против Лихтенштајн ќе успее да освои некој бод или барем да се израдува на гол. Но, уште во 2. минута Лука Чекароли направи фаул за пенал и гостите поведоа, а потоа и го дуплираа водството. Ако е за утеха, Сан Марино успеа дури двапати да шутне во рамките на голот, а имаше и уште 3 непрецизни удари, нешто што најслабата европска репрезентација ретко го прави.

Сан Марино - Лихтенштајн 0:2
3' (пен) Николас Хаслер, 14' Јаник Фрик

Табела:

  1. Лихтенштајн 3 2:0
  2. Гибралтар 3 1:0
  3. Сан Марино 0 0:3
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе