Преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од COVID-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе.

– Според последните информации во Србија регистрирани се 30 новозаболени од COVID-19 и 1 смртен случај. Од 30-те позитивни 21 заразен се од Белград. Хоспитализирани се 279 луѓе, а на респиратор се вклучени 20 пациенти. Стапката на смртност во Србија изнесува 2,24 отсто.

– Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 269 нови случаи на COVID-19, а починаа уште 4 лица. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 383 смртни случаи и 17.707 заразени лица.

– Во Албанија, во изминатото деноноќие, од направените 824 тестови на сомнителни случаи COVID-19 е дијагностиран кај 132 лица (25 повеќе од вчера), со што вкупниот број заразени се зголеми на 13.391. Во изминатото деноноќие во списокот на оздравени се впишани 95 или 7.629, починале 3 лица или вкупно 380, додека активни на болеста се 5.382.

– Во изминатото деноноќие во Хрватска забележани се 48 нови случаи на COVID-19, со што бројот на активни случаи се изкачи на 1.180. Според хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита, 291 пациент се на болничко лекување, а 24 на респиратор. Од 25 февруари до денеска во Хрватска регистрирани се 16.245 заразени со новиот коронавирус, од кои починале 272 луѓе.

– Во Црна Гора во изминатите 24 часа регистрирани се 128 новозаболени и петмина починати пациенти. Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.558.

– Во изминатите 24 часа во Косово се забележани 3 нови жртви на COVID-19, додека од почетокот на пандемијата починале 625 заразени од коронавирусот. Вчера се регистрирани и 48 новозаболени (15.520 од појавата на заразата) и 142 излекувани. Вкупната бројка на пациенти кои ја совладале болеста достигна до 13.420, а активни носители на вирусот во моментов се 1.475 лица.

– Во изминатото деноноќие во Република Српска пријавени се 4 смртни случаи од последици од COVID-19 и 30 новозаразени лица. Во РС досега регистрирани се 9.197 случаи на новиот коронавирус и 302 смртни случаи.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 17 нови случаи на COVID-19 од 2.465 направени тестови, со што бројот на заразени се зголеми на 1.713 лица.

– Во Австрија во изминатите 24 часа регистрирани се 556 новозаразени со COVID-19, од кои 242 лица во Виена, а потоа следи Долна Австрија со 117 инфицирани. Во Австрија во моментот има 8.564 заразени со новиот коронавирус, од кои 446 се хоспитализирани, а 84 се на интензивна нега.

– Во Украина во изминатото деноноќие регистрирани се 2.671 новозаразени лица, што е за 500 помалку во споредба со вчера. Во истот период 37 луѓе починале од последици од COVID-19.

– Во изминатите 24 часа во Словачка пријавени се 265 новозаразени лица, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 9.343. Во земјата од почетокот на епидемијата починаа 44 лица од последици од новиот коронавирус.

– Во Холандија за еден ден регистрирани се 2.914 новозаразени лица со COVID-19, додека вчера беа потврдени 2.995 позитивни случаи. Поради тоа локалните власти разгледуваат воведување на нови регионални мерки, како задолжително носење на маски и ограничување на работното време на кафулињата. Во Холандија од почетокот на пандемијата заразени се 114.540 луѓе, а од последици од COVID-19 починаа 6.380 пациети, од кои 6 во изминатото деноноќие.

– Во Обединетото Кралство во изминатите 24 часа регистрирани се 4.044 новозаболени лица, со што вкупниот број се искачи на 439.013 луѓе. Во истиот период забележани се 13 смртни случаи, со што бројот на починати од последици од COVID-19 се искачи на 42.001 човек.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе