Преговори, па пандемија: Завршува учебната година од која една третина беше онлајн

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – За 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и околу 19.000 првачиња, денеска завршува учебната 2019/2020 година, првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот.

Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на синдикатот СОНК со Министерството за образование и наука за повисоки плати и предупредувачките најави за штрајк, што резултираше со договор  постигнат во ноември, а наставниците од јануари годинава ги добија бараните дополнителни 10 отсто.

Но второто полугодие и учениците, и наставниците, ги соочи со нова и досега непозната ситуација што ја наметна пандемијата со COVID-19. Наставата три месеци се изведуваше од далечина и онлајн, а со владините уредби со законска сила  се овозможи и правна основа е-наставата до крајот на учебната година да се смета за формална т.е. соодветна замена на класичната настава во училиштата.

Во изминатите три месеци учениците и наставниците се приспособуваа на онлајн учење, предавање и испрашување, при што се користеа различни алатки и платформи за видеокомуникација.

За да се олесни начинот на совладување на материјалот, МОН во партнерство со УНИЦЕФ ја воспостави и националната образовна платформа Eduino.gov.mk со видеолекции за основно и за средно образобание кои за учениците ги снимија одделенски и предметни наставници од училишта од целата држава. Секој ден на јавниот сервис се емитуваше и емисијата „ТВ Училница“ со образовни содржини на македонски и на албански јазик од предвидените наставни програми.

Поради ризик од ширење на заразата, Владата на крајот на април донесе одлука онлајн наставата да продолжи до крајот на учебната година, како и одлука оваа година да нема полагање државна матура која се организира во средината на јуни. Матурантите ќе може да конкурираат на факултет на уписите во август-септември  со дипломата за завршено средно образование.

За еден месец е пролонгирано запишувањето на првоодделенците за 2020/2021, па наместо во цел мај, како во изминатите години, родителите имаат можност од 1 до 30 јуни да ги запишат своите деца во основно образование.

Роковите за упис на средношколци утврдени во Конкурсот не се менуваат, така што на 16 и 17 јуни е првото пријавување во јунскиот уписен рок, со тоа што спроведувањето на уписите ќе биде согласно со протоколот донесен од Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми во интервју за МИА пред десетина дена изјави дека се посветува внимание и се разговара и за прашања како би постапиле ако околностите со епидемијата во нашата земја  се исти или и полоши на почетокот на  учебната 2020/2021. Рече дека ако биде иста ситуацијата можеби и мерките ќе бидат исти или наставата поинаку ќе се организира.

-Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, рече Адеми.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе