Поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, соопшти АМСМ.

Според информација од ЈП Македонија Пат, поради одрон сообраќајот е целосно во прекин на патниот правец А3 Кочани-Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци кај местото Ајдучки Камен.
За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани-Виница-Бигла-Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани-Виница-Берово-Делчево.
На целата територијата во земјава има снежни врнежи и сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.