Прекинато испитувањето на лекот за COVID-19 што го доби Трамп

Американската фармацевтска компанија Eli Lilly and Company соопшти дека дека ги запрела клиничките испитувања на терапија против COVID-19 што беа спонзорирани од американската Влада.

Според светските новински агенции, причината е безбедноста на терапијата.

Eli Lilly and Company не коментираше кои ќе бидат импликациите од прекинувањето на клиничките испитувања.

Компанијата претходно овој месец соопшти дека ќе аплицира за итна дозвола за употреба на терапија со антитела, лекот LY-CoV555, за пациенти со умерена до средно тешка форма на COVID-19, врз основа на податоците собрани во друго клиничко испитување.

Eli Lilly and Company е производител на лекови против COVID-19 кои содржат антитела, слични на оние што му беа препишани на американскиот претседател Доналд Трамп.

На видеото што минатата недела го објави на социјалните мрежи, тој ја претстави терапијата со антитела произведени од Eli Lilly and Company, заедно со терапијата на компанијата Regeneron како лек за COVID-19.

Објавата на Eli Lilly and Company дојде еден ден откако компанијата Johnson&Johnson соопшти дека е принудена привремено да го прекине тестирањето на својата експериментална вакцина против коронавирусот, откако еден доброволец необјасниво се разболе. Компанијата соопшти дека сè уште не знае дали лицето примило вакцина или плацебо.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе