КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Прекинот на Бразил - Аргентина веројатно има политичка позадина

Филип Здравески
/ 06.09.2021 / 14:27

Голема врева предизвика синоќешниот прекин на најголемото јужноамериканско фудбалско дерби кое траеше едвај 6 минути откако на терен влетаа неслужбени лица. По преспиената ноќ, сѐ повеќе фактори влечат кон тоа дека овој прекин беше ништо повеќе од политички.

Аргентинската делегација во Бразил беше дојдена уште од петокот, за добро да се аклиматизира за натпреварот закажан за синоќа (недела). Но, дури неколку часа пред натпреварот на луѓето од Анвиса, инаку име на бразилската Здравствена регулаторна комисија, им текна дека четворица Аргентинци треба да одат во карантин.

Џовани Ло Селсо, Кристиан Ромеро, Емилиано Мартинес и Емилиано Буендиа во Бразил дојдоа откако претходно беа во Обединетото Кралство, земја која е на црната листа во Бразил и секој што доаѓа оттаму мора да оди во десетдневен карантин. Всушност, овие четворица настапуваат за англиски клубови (двајца за Астон Вила и двајца за Тотенхем).

Луѓето на Анвиса отишле во хотелот во Саун Пауло каде беше сместена репрезентацијата на Аргентина, но отишле два часа пред почетокот на натпреварот, кога Аргентинците веќе биле тргнати накај стадионот „Неу Кимика Арена“ за да се пресметаат со Бразилците. Веднаш и тие тргнале во тој правец, но заглавиле во сообраќај и затоа влетаа на терен откако почна натпреварот и на гледачите крај малите екрани им приредија шокантни снимки (поради ковид-рестрикции немаше гледачи на трибините). Анвиса имаше една цел: четворицата Аргентинци веднаш да ги смести во карантин или да ја напуштат земјата.

И кога сите се прашуваа зошто токму тогаш се случи таков циркус, кој дури ни Нејмар и Меси со заеднички напори не успеаја да го спречат, одговорот веројатно се крие некаде во сенките на политиката, во односите на релација Бразил - Обединето Кралство.

Во Бразил во изминатите 12 недели ситуацијата со коронавирусот станува сѐ подобра и подобра, но Обединетото Кралство и натаму ја чува оваа земја на својата црна листа. А, Бразилците не сакаат кога некој им става санкции и одамна играат на картата на реципроцитетот, па затоа Обединетото Кралство, каде ситуацијата со вирусот е одлична, е на црната листа во Бразил, иако без вистинска причина, едноста поради реципроцитет.

Неодамна претставници на Британското МНР беа во посета на државите од Јужна Америка и со секоја власт посебно разговара околу укинувањето на рестрикциите за британските граѓани кои, согласно ситуацијата во Обединетото Кралство, се неоправдано блокирани на овој континент. Успеаја секаде, освен во Бразил да се договорат. Бразилската власт е упорна и јасно им ставила дознаење дека сѐ додека за бразилските патници на Островот треба 10-дневен карантин, истото ќе важи и за оние кои доаѓаат оттаму на бразилско тло.

URL

Таквите мерки на Британците направија Бразил да биде без неколкумина фудбалери на овие квалификации откако нивните клубови одлучија да не ги пуштат бидејќи по нивното враќање ќе мораа сите да одат во карантин и со тоа да не играат за своите клубови. Но, Астон Вила и Тотенхем одлучија да ги пуштат своите аргентински фудбалери.

Аргентина на крајот се најде во вкрстен оган помеѓу политичките препирки на Бразил и Обединетото Кралство, иако вината лежи и кај нив. Имено, Аргентинците знаеја за рестрикциите во Бразил кон патници од Обединетото Кралство, но сепак дури и ги лажираа податоците на четворицата премиерлигашки играчи. Дури, лажирањето го направиле по договор со Бразилската фудбалска конфедерација која ги советувала во формуларот на аеродромот сите да пополнат дека во последните 14 дена не биле во Обединетото Кралство, што секако не е вистина за горенаведената четворка.

Сето тоа кулминираше синоќа кога сите видовме нов јужноамерикански фудбалски циркус кој сега ни ФИФА не знае како да го реши. Натпреварот дефинитивно нема да се одигра ниту денес бидејќи Аргентинците синоќа веднаш полетаа за Буенос Аирес.

URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе