Преклопливиот iPhone доаѓа во 2026 година и ќе чини околу 2.000 долари

Apple следната година конечно ќе го претстави долго озборуваниот преклоплив iPhone, а неговата цена ќе биде околу 2.000 долари, тврди добро информираниот новинар на Bloomberg, Марк Гурман.

Коментарите на Гурман за плановите на Apple да го претстави првиот склоплив уред на компанијата од Купертино укажуваат на тоа дека тој ќе се појави во 2026 година, а своите тврдења ги базира на информации од сигурни извори.

Аналитичарот Џеф Пу рече дека склопливиот iPhone влезе во фазата New Product Introduction (NPI) во компанијата Poxconn и дека масовното производство ќе започне во втората половина на 2026 година.

Преклопливиот iPhone на Apple ќе има сличен стил како Galaxy Z Fold на Samsung, кој користи механизам за преклопување како книга наместо механизам на преклоп како Galaxy Z Flip. Гурман тврди дека верзијата на Apple ќе има помал набор на екранот кога ќе се отвори, додека други извештаи велат дека браздата ќе биде практично невидлива за човечкото око.

Според Гурман, уредот ќе користи екран, батерија, модем и процесор што Apple ги разви во процесот на развој на iPhone 17 Air, уредот што ќе го замени моделот Plus во понудата на Apple оваа година.

Што се однесува до цената, Гурман очекува дека преклопливиот iPhone ќе чини околу 2.000 долари. Некои извештаи наведуваат почетна цена од 2.300 долари во САД, што би го направило смартфонот на преклопување најскапиот iPhone во историјата. Ова се усогласува со претходните тврдења на аналитичарот Мин-Чи Куо, кој рече дека преклопливиот iPhone ќе чини помеѓу 2.000 и 2.500 долари.

реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Мобилни

Колку ќе чини Xiaomi 17 Ultra во Европа?

Read more

Apple тесно го победи Samsung во продажбата на телефони

Read more

Apple активно размислува за iPhone во флип облик

Read more

Познати клучни детали за новиот Samsung Galaxy S26 Ultra 

Read more
 

Гик

Spotify има повеќе од 750 милиони месечни активни корисници

Читај повеќе
  • play_arrow

Животно кое никогаш не умира ги фасцинира научниците

Читај повеќе

Microsoft советува: Ажурирајте веднаш!

Читај повеќе

Планетата Земја го доживеа петтиот најтопол јануари досега

Читај повеќе

Маск се пишмани: Наместо кон Марс, сега се стреми кон Месечината

Читај повеќе

USB каков што го знаеме влегува во историјата

Читај повеќе

Google се пофали: Застапеноста на Android 16 расте 

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија има ново оружје против дронови: Изгледа како џиновска косилка за трева

Читај повеќе

Мразот се топел, но планетата не реагирала правилно: Што навистина се случило на Антарктикот?

Читај повеќе