Прекраснa и непредвидливa: Откријте сѐ за жената Водолија

Прекрасна, непредвидлива, слободоумна, мирна, чудна, ексцентрична, пријатна, искрена, квалитетна, иновативна, забавна, оптимистичка, оригинална - тоа е таа, жената Водолија.

Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината неразбирливост и невоздржаност - често е тешко да се разбере и сфати, но тоа е затоа што жената Водолија е секогаш само своја. За неа не важат стереотипите и невозможно е „да ја ставите во категорија“ бидејќи е отворен неконформист и бега од општествените правила и норми. Секогаш работи сама и не сака кога другите ѝ кажуваат што да прави.

Од друга страна, оваа жена хуманитарец има големо срце и секогаш е подготвена да помогне, без разлика дали се работи за финансиска, емотивна или каква било помош. Сака напредок, но на личен план не сака промени. Таа е многу приврзана за своето минато и спомените кои ги чува како свое најголемо богатство, а лојалноста ја носи на едно ново, подлабоко ниво - не само да му остане лојална на својот партнер, туку и на одреден бренд, продавница, ресторан, тим, пејачка... во добро или зло.

Секс и врски

За жената Водолија, животот е игра во која секој игра според своите правила. Кога станува збор за љубовта, тие ќе се погрижат играта да биде особено забавна и никогаш досадна. Но, нејзиниот лесен поглед на животот и љубовта не значи дека таа лесно се заљубува. Напротив, ѝ треба време да се поврзе со некого емотивно и да ѝ верува на друга личност.

Кога е во врска, таа ја цени својата независност, слобода и „простор за дишење“ повеќе од било што друго (што се совпаѓа со нејзината припадност во групата воздушни знаци), а тоа му го дава и на партнерот. Водолијата секогаш ќе чува дел од себе што нема да им го открие на најблиските.

Оригинална и непредвидлива, на партнерот ќе му пружи задоволства за кои претходно не ни знаел дека постојат. За неа нема кочници во спалната соба, сака да експериментира и со задоволство ќе проба сѐ, па дури и секс во јавност. Нејзини идеални партнери се Вага, Близнаци, Стрелец и Овен.

Пријателства

Додека оди по улица, таа одвреме-навреме ќе застане за да се поздрави со луѓето што ги познава. Поради тоа изгледа дека е пријателка со сите, но тоа се всушност познаници и драги луѓе кои ја сакаат бидејќи жената Водолија сака да биде во добри односи со сите и да бега од конфликти и кавги.

Што се однесува до пријателите што им дозволува целосно да ѝ се доближат, може да ги изброи на прстите од едната рака. Таа лесно може да биде резервирана кога се во прашање нејзините вистински чувства, поради што нејзиниот круг на вистински пријатели е многу тесен.

Таа е дарежлива и секогаш е тука кога им треба на пријателите. Жената Водолија се дружи со луѓе со кои ја споделува љубовта кон независноста и интелектуалните определби и аспирации. Ова е жена која секогаш можете да ја побарате за искрен совет и која секогаш ќе ги има вистинските утешни зборови.

Изглед

Суптилна и шармантна насмевка, спуштени очи, привлечен нос, силна вилица, дупчиња на образите, мека кожа, темна, густа коса и грациозен став, се некои од карактеристиките на физичкиот изглед на жената Водолија.

Тие не се олицетворение на врвна женственост и страст, тие уште почесто се приклонуваат кон момчешки изглед, но токму затоа се барани во светот на манекенството каде што владее андрогениот изглед. Тие се обично вити и високи.

Блескавите очи им даваат голема живост, но често имаат сериозен израз на лицето. Ги краси чист и артикулиран глас. Сепак, без разлика како изгледа однадвор, без разлика на најсериозниот израз на лицето, ведрата жена Водолија секогаш ќе ужива и ќе биде задоволна внатре.

Стил

Не ги следи трендовите, згора на тоа, сака да се носи сосема спротивно од она што е „ин“, па во сезоната кога сите носат мини здолништа, жената Водолија ќе ја препознаете по тоа што носи макси здолниште. Смела и самоуверена, таа сака да привлекува внимание и шокира со својот еклектичен и разновиден моден стил.

Еден ден ќе има светло розова коса и ќе носи ексцентричен накит како пирсинг на лицето, а следниот ден ќе биде облечена во сериозен деловен костум и косата повторно ќе ѝ биде во природна боја. На неа, дури и навидум некомпатибилните парчиња прават добра комбинација, како фина свилена блуза во комбинација со каки панталони. Во нејзината гардероба секогаш ќе има авангардна облека, а фризурите кои ги претпочита често се шик и неконвенционални - во однос на начинот на кој ја потстрижува косата.

Најмногу ѝ прилегаат светли и весели бои како морско сина, тиркизна, светлорозова и смарагдно зелена боја. Убавината без суровост ѝ е мисла водилка при купувањето козметика, поради што избира брендови кои не тестираат на животни, а често знае да прави и природни козметички производи.

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Живот

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Read more

Како да ги намалите сметките за струја?

Read more

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Read more

Како да се избегнат штетните ефекти од користењето на клима-уред?

Read more
 

Магазин

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Читај повеќе

Помалку познати рани знаци на бременост

Читај повеќе

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Читај повеќе

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Читај повеќе

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Читај повеќе

Како да ги намалите сметките за струја?

Читај повеќе

Добро Ми Стои кај Претседателот

Читај повеќе

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Читај повеќе

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Читај повеќе