Преку 200 илустратори направија римејк на „Shrek“
Најпознатото огре на интернетот има многу фанови кои се инспирирани од неговиот лик, па не е изненадувачки што оние повеќе талентираните решија да направат нов римејк на оригиналната приказна за зеленото пријателско чудовиште – Шрек.
Секој од илустраторите имаше за задача да илустрира една од сцените од филмот „Shrek“, користејќи го неговиот стил на анимација. Резултатот е цел долгометражен филм составен од делата на преку 200 илустратори кои се огромни фанови на оригиналниот филм за Шрек.
„Shrek Retold“ ќе биде премиерно прикажан на 29 ноември на официјалниот вебсајт на 3GI – компанијата која стои зад овој проект.