Преку 70 отсто од германските инвеститори повторно би вложиле во Македонија

Скопје, 10 мај 2018 (МИА) - Иако сметаат дека актуелната економска ситуација во Македонија е полоша од лани, повеќето германски инвеститори очекуваат подобри деловни резултати годинава во споредба со 2017-та. Тие не се задоволни од сузбивањето на корупцијата и криминалот, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација, но и покрај тоа, 72 отсто се изјасниле дека повторно би инвестирале тука.

Ова го покажува Анкетата 2017/2018 спроведена меѓу компаниите-членки на Македонско-германското стопанско здружение и Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Според Анкетата што беше презентирана денеска, околу 45 отсто од извршните директори на компаниите очекуваат подобрување, а само 12 проценти полоши макроекономски услови.

- Само седум отсто од компаниите ја оценија моменталната економска состојба како добра, а 50 проценти ја оценуваат како лоша. Кај компаниите има позитивното расположение во однос на очекувањата дека деловната клима значително ќе се подобри во тековната 2018 и тие се многу повисоки во однос на минатогодишната анкета, рече Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, презентирајќи ги резултатите од 12. Анкета за деловната клима во  Македонија.

На прашањата за уловите во сопствената стопанска гранка и ситуацијата во сопствената компанија, одговорите, рече Мартенс, се многу слични на оние од минатата година. Компаниите редовно ја оценуваат сопствената деловна состојба подобро отколку општата макроекономска состојба.

- Вкупно 36 отсто од испитаниците ја оценија сопствената деловна состојба како добра, а само 10 проценти дадоа негативна оценка. Позитивни промени  очекуваа 68 отсто од испитаните компании во однос на зголемување на продажбата, пет отсто стравуваат од пад на продажбата што е мало подобрување во однос на претходната година, 48 отсто очекуваат зголемување на извозот, а само четири проценти пад на извозната продажба, дополни директорот.

Прашањата поврзани со пазарот на трудот се со полоши оценки отколку претходните години. Истражувањето покажува негативни промени во достапноста на квалификуван работен кадар, квалитет на стручното образование и квалификации на работниците.

Во Македонија работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе