Можеби до пред десетина години вложувањето на милијарда долари во технологија која ќе направи автомобилите да се управуваат самите, но сега оваа сума изгледа смешно кога ќе се погледне поголемата слика и вложувањето во оваа индустрија во последните неколку години.
Според последните податоци, автомобилската индустрија, како и помагачите и приватните инвеститори, досега потрошиле 80 милијарди долари за развој на технологија која ќе направи автомобилите самите да се управуваат.
Истражувањето опфати повеќе од 160 зделки во автомобилската индустрија, вклучувајќи инвестиции, партнерства и купопродажби на компании. Целосната сума на пари вложена испаднала нешто над 80 милијарди долари.
Ова само покажува дека целата автомобилска индустрија, и нејзините партнери, сметаат дека иднината на превозните средства е во автономните возила.