Преку партнерството на Httpool со Spotify, брендовите ќе можат да им се обратат на љубителите на музиката

Httpool додаде нова возбудлива платформа во своето портфолио и отсега е ексклузивен претставник на Spotify за огласување во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Како најпопуларна глобална музичка платформа Spotify нуди палета на иновативни решенија за огласување, преку кои брендовите можат да допрат до својата високо ангажирана публика од млади, влијателни луѓе и при тоа да го користат растечкиот тренд на слушање на аудио содржини преку интернет.

„Воведувањето на Spotify платформата на нашите пазари претставува дополнително задоволство за нашите корисници. Како што се менуваат навиките на потрошувачите, брендовите треба да најдат соодветен начин да допрат до својата публика и да се поврзат со неа во вистинскиот момент. Звукот нуди лична поврзаност со брендот. Возбудени сме што токму Httpool го поврзува Spotify со огласувачите од сите големини, помагајќи им да го откријат, разберат и искористат целосниот потенцијал на аудио преносот“, рече Jане Бајалџиев, Управител на Httpool Македонија.

Покрај Македонија, локалниот тим на Httpool ќе поддржува и огласувачи во Албанија и Косово.

Spotify нуди различни рекламни формати, вклучувајќи аудио, видео и дисплеј,  насекаде и во секој момент од денот. Со помош на “Spotify streaming intelligence” – уникатнен начин на обработка на податоци и увид заснован на однесувањето на корисниците на платформата - огласувачите можат да ги прилагодат своите огласни решенија и пораки во согласност со потребите на корисниците и нивниот начин на размислување во контекст на слушање на содржини.

„Httpool ни е одличен партнер низ цела Европа и уверени сме дека ќе продолжат да го зголемуваат влијанието на Spotify како водечка платформа за огласување и на Балканот“, изјави Рак Пател, Директор за продажба на Spotify за Обединетото Кралство, Европа, Средниот Исток и Африка.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе