НОВА ЕКО-АКЦИЈА НА ПИВАРА СКОПЈЕ, ПАКОМАК И ХОЛНДСКАТА АМБАСАДА

Преку замена на неразградливите пластични кеси, до почиста животна средина

Во пресрет на 15 Септември - Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Кралството Холандија, спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина.

Во рамки на оваа акција, која се спроведе во соработка со трговските ланци Веро и Тинекс, на потрошувачите им беа поделени платнени торби како една од еколошки прифатливите замени за неразградливите пластични кеси.

„Среќен сум што повторно, заедно со нашите партнери, колеги и пријатели, чиј број постојано се зголемува, спроведуваме нова акција преку која заедно испраќаме симболична, но силна порака дека сите ние како поединци можеме со своето однесување да придонесеме за почиста животна средина. Како компанија, Пивара Скопје е силно посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, што за нас е од огромно значење. Во континуитет спроведуваме конкретни мерки, ги надминуваме еколошките таргети поставени од државните институции и инвестираме значајни финансиски средства со кои меѓу останатото се обезбедува и ефикасност на системот за собирање и рециклирање на амбалажниот отпад. И во оваа прилика сакам да апелирам и до останатите компании и целото општество да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето на околината, со што креираме услови за одржлива иднина за нас и за идните поколенија“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

Најновата акција е дел од пошироката долгорочна платформа на Пивара Скопје и Пакомак, која се одвива под мотото „Рециклирате ли!?“ и вклучува најразлични активности, почнувајќи од едукација на младите и пошироката јавност за потребата од правилен третман, селекција и рециклирање на отпадот, како и волонтерски еко-акции за чистење на јавни површини. Досега, во рамки на оваа платформа беа организирани три волонтерски акции за чистење на брегот и водите на езерото Матка, како и на кејот на реката Вардар, во кои учествуваа вработени во Пивара Скопје, како и голем број волонтери од партнерските организации. Една од нив е Амбасадата на Кралството Холандија која активно учествува во сите досегашни активности. Всушност, најновата акција во рамки на платформата „Рециклирате ли!?“ е продолжение на проектот #ИмамТорба на Холандската амбасада.

„Неразградливите пластични кеси се огромен глобален еколошки проблем за целокупната природа, особено за животинскиот свет во реките, морињата и океаните. Лично ќе бидам многу среќен доколку со денешната симболична акција ги поттикнеме луѓето да променат нешто во нивните секојдневни навики и со тоа, наместо да учествуваме во создавање на проблемот, заедно да бидеме дел од неговото решение“, истакна амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

Акцијата ја поздрави и Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) од каде упатија апел до сите граѓани да земат учество во заштита на животната средина, односно да го намалат користењето на пластични кеси кои не се био-разградливи и не можат да се рециклираат и при пазарувањето да користат платнени торби кои можат секаде да им бидат при рака.

„Сите знаеме дека пластичните кеси наоѓаат широка примена во современиот начин на живот, но сметаме дека ние како потрошувачи прекумерно ги употребуваме и со тоа сме одговорни за загадувањето. Имено, во светот секоја минута се трошат и до еден милион пластични кеси, а само една на секои 200 од нив се рециклира. Останатиот дел многу често завршува во природата каде со десетици, па и стотици години го загрозува целокупниот жив свет, а со тоа и нашето здравје. Тоа повеќе не смееме да си го дозволиме, мора да кажеме „НЕ“ за пластичните кеси кои не се био-разградливи“, децидна е претседателката на ОПМ, Маријана Велкова Лончар.

И за Филип Ивановски, директор на Пакомак - првата специјализирана организација во земјава чија основна дејност е управување со отпад од пакување, проблемот може да се реши само доколку сите го преземат својот дел од одговорноста.

„Oд пластиката како материјал за пакување не можеме целосно и веднаш да се откажеме, но употребата на неразградливите пластични кеси секако дека може драстично да ја намалиме, користејќи подолготрајни материјали за торби за повеќекратна употреба. Имено, најопасно загадување за живиот свет во морињата и океаните се токму пластичните кеси кои не се разградуваат“, објаснува Ивановски.

Заштитата и постојаното унапредување на животната средина се составен дел од стратегијата за одржлив развој на Пивара Скопје. Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во оваа област, како и практиките за одржливост на HEINEKEN, Пивара Скопје континуирано вложува и спроведува конкретни активности насочени кон правилно управување со амбалажниот отпад, како и намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на вода. Како еден од основачите на Пакомак, Пивара Скопје постојано вложува и во ефикасноста на системот за собирање и рециклирање на целокупниот отпад од пакување во земјата.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША на www.polnacasa.mk

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе