ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Премиер лигата создаде тим за борба против расизмот

Лондон, 18 октомври 2019 (МИА) – Раководството на Премиер лигата создаде тим од поранешни и актуелни играчи за борба против расизмот.

Последниве денови, оваа тема беше особено важна на Островот заради испадите на група фанови за време на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во понеделникот (0:6). Средбата на националниот стадион „Васил Левски“ во Софија беше прекината двапати од главниот судија поради расистички скандирања од трибините насочени кон црномурните играчи на гостите.

Премиер лигата формираше таканаречена советодавна група BAME (Black, Asian, and Minority ethnic) – црни, азиски и етнички малцинства.

Во оваа група, предводена од менаџерот на Донкастер Роверс, Дарен Мур, се вклучени и Вес Морган, Рахим Стерлинг, Тами Ејбрахам, Трент Александер-Арнолд, Сон Хјон-мин, Тееми Пуки, Џордан Пикфорд, Калум Вилсон, Ијан Рајт, Џулијан Лескот и Шола Амеоби. Овие реномирани личности ќе ги советуваат фудбалските власти, а ќе бидат прикажани и во реклами во рамките на кампањата „No Room For Racism“.

Дисциплинскиот одбор на УЕФА ќе го разгледа случајот против Бугарија на 28 октомври. Бидејќи ова не е прво обвинување против Бугарија за расизам и поради големиот меѓународен фидбек, казната од УЕФА се очекува да биде доста тешка. Додатен проблем за Бугарија се и нацистичките испади присутни за време на истиот натпревар.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе