Премиер лигата вмешана во „најголемиот светски скандал со пиратерија“

Англиската Премиер лига се најдоа во центарот на најголемата операција со пиратерија во светот, откако денеска беше објавено дека натпреварите од оваа лига биле нелегално емитувани на телевизија во Саудиска Арабија, во рамки на целата земја.

Стриминг платформата BeoutQ се роди по дипломатските проблеми на Блискиот Исток, каде неколку земји ја прекинаа соработката со Катар поради наводната поддршка која оваа земја ја дава на тероризмот. Правата за пренос на Премиер лигата во тој регион ги има катарската телевизија BeIN Sports, а BeoutQ ги краде сигналот од неа.

Откако беше основана минатата година, платформата BeoutQ порасна во десет различни канали кои вршат пренос преку ArabSAT сателитот и поставуваат приемници кои се достапни ширум Саудиска Арабија.

Пиратирањето на натпреварите од Светското првенство годинава ја натераа ФИФА да се приклучи кон јавното осудување на BeoutQ, а истото го направија и голем број од светските фудбалски асоцијации, кои бараа оваа платформа или државата да претрпи санкции поради пиратеријата која ја промовираат.

„Политичките игри кои ги играат ArabSAT, BeoutQ и Саудијците кои стојат зад нив ја крадат нашата содржина и со тоа се раѓаат последици кои влијаат на иднината на светскиот фудбал, не само на BeIN Sports“, изјави Том Кивени, менаџер на BeIN Media Group.

Во скандалот со пиратерија се вмешани и натпреварите од француската Лига 1, кои исто така се пренесуваат на BeoutQ. Раководството на лигата има намера да го претстави случајот пред Европската комисија, која подоцна би требало да интервенира за потенцијални санкции за Саудиска Арабија и BeoutQ. Претставниците на BeIN Media Group ја нарекоа оваа ситуација „најголемиот скандал со пиратерија во светот“.

Само да потсетиме, англиската Премиер лига има најскапи права за пренос на натпреварите од сите лиги во светот. За трите сезони почнувајќи од 2019 па до 2022 година, телевизиските мрежи Sky и BT Sport платија 4,46 милијарди фунти, а потоа преку нив оди откупот на права за сите земји во светот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе