Премиера на новата Škoda Octavia RS за 2017 година

По стандардната верзија Škoda ја редизајнираше и најмоќната, RS верзија на Octavia. Спортската верзија ја доби редизајнираната маска со новите адаптивни LED светла кои сега се поделени во две визуелно раздвоени целини.

Во споредба со претходната RS изведба, RS верзијата е спуштена за дополнителни 15 милиметри, а купувачите на располагање имаат голем избор на алуминиумски тркала со дијаметар од 17 до 19 инчи.

Основната верзија на Octavia RS ќе има 2.0 литарски TSI бензински мотор со 230 коњски сили, додека максималниот вртежен момент изнесува 350Nm. Тоа му овозможува на автомобилот да стигне од 0 до 100 километри на час за само 6,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Очекувањата се дека Škoda во блиска иднина ќе понуди уште посилна верзија со моторот од 245 коњски сили што се вградува во Golf GTI Performance.

Моделот ќе биде достапен и во 2.0 TDI изведба со 184 коњски сили и 380Nm максимален вртежен момент. Дизелскиот модел до „стотка“ ќе забрзува з 7,9 секунди, а максималната брзина е 232 километри на час.

Како и до сега, Škoda Octavia RS ќе биде достапна во седан и караван верзија, а на располагање ќе го има 6-брзинскиот мануелен или пак автоматскиот DSG менувач со двојна спојка. Дизелската верзија со DSG менувач ќе има опција и за погон на сите четири тркала.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе