Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде премиерно прикажан првиот македонски краткометражен филмски мјузикл „Црно-бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот ја следи приказната на Јована, млада жена вработена во туристичка агенција која ги исполнува барањата на сите со цел да биде прифатена и признаена. Но, и покрај својата посветеност и напорна работа, Јована е непочитувана и неценета од нејзините соработници и таа на тоа се спротиставува преку музиката и танцот. Нејзината борба за почит и признание штетно влијае и врз односот со нејзината ќерка.

Улогата на Јована ја глуми познатата актерка Јелена Јованова. Покрај Јованова во филмот глумат и Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симоновиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан Петровски, Ангелина Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5 плус фамилија“.

Филмот е дипломски труд на Ѓоргиева која е студент на Катедрата за филмска и ТВ-монтажа во класата на професор м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, копродукција „Мунлајт“ и со поддршка од Агенцијата за филм.

Сценариото, режијата и монатажа се на Ѓоргиева, додека директор на фотографија е Дарко Елек. Кореографијата е на Ирена Лозинска, композитор е Филип Стевановски, а музички текстописец Тамара Котевска. Тонската обработка е на Сашко Потер Мицевски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе