Премиера на „Вечера за глупаци“ – интерактивна претстава со публиката

Театар Комедија утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“ – модерна комедија на Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, во која е „елиминиран“ четвртиот ѕид, интерактивна е со публиката и ќе прикаже хиперреализам.

Приказната го коментира високото француско општество, кое презаситено од сè што може да си дозволи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните. Режисерката на прес-конференција рече дека приказната е „апликативна“ за  цел свет и функционира универзално.

Претставници од високото општество еднаш неделно се собираат на вечера на која секој со себе доведува по еден глупак и се натпреваруваат чиј глупак е најголем глупак.  Дејството се случува  во еден стан, целиот претставен на сцена. Публика има од сите четири страни, а тој хиперреализам, рече режисерката, е алатка за раскажување на приказната.

-Ова е приказна за предрасудите на модерното општество. Можноста да се поседуваат материјални и нематеријални работи, го деформираат ликот во неговата морална оска. Почнува да бара морално неиздржани аспекти со кои може да се забавува. На главниот лик му се случува незгода и денот му се претвора во еден од најлошите за него. Концептот за постановката го „казнува“ главниот лик и тој станува жртва на воајеризмот на публиката, како што глупаците претходно се жртва на неговиот воајеризам. Имаме динамика во која ја коментираме и предисторијата на приказната, но го коментираме и социјалниот, општествениот сегмент во однос на тоа, рече Стеријовска.

Зборувајќи за избраниот концепт на деконструкција на четвртиот ѕид и „укинатата“ дистанција помеѓу дејството и публиката, таа нагласи дека театарот треба да биде атрактивен и да поставува актуелни прашања за, како што рече, да вреди да се посети претстава кога новите медиуми го заземаат сѐ повеќе просторот за консумација на уметноста.

-Овде актерите се разголени и се гледаат од четири страни. Емоцијата е толку блиску до гледачот што секоја недоследност е многу видлива, рече режисерката, додавајќи дека поради таквиот концепт претставата не е технички лесна.

Улогите во „Вечера за глупаци“ ги играат Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Илија Илиоски, Тони Денковски, Ема Давчева, Благица Трпковска, Јаков Спасов и Столе Мицов. Костимограф и сценограф е Ана Кркулевска.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе