Премиера: Škoda Karoq за 2022 година
Моделот Karoq e редизајниран по 4 години на пазарот и половина милион продадени примероци. Направени се помали промени и одредени механички унапредувања, но моторот е непроменет.
Кога станува збор за надворешноста, промените се минимални, но најмногу се воочливи напред бидејќи се рестилизирани фаровите и сега се достапни со full-LED Matrix технологија.
Дискретно е сменет и дизајнот на маска на ладилникот и браникот. Моделот доби и нови алуминиумски фелни кои се достапни со димензии од 17, 18 и 19 инчи.
На врвот на понудата е 2.0 TSI мотор на бензин кој произведува 190 КС. Достапен е само со DSG менувач и погон 4х4.
Погледнете ја галеријата.