Филм & ТВ

Премиерата на „Game of Thrones“ сруши рекорди на гледаност

16. април 2019 - 9:54 | А.С.

Според податоците што ги објави HBO, премиерата на осмата сезона на серијата „Game of Thrones“ привлекла 17,4 милиони гледачи на сите платформи (линеарно, HBOGO и HBO NOW).

И тоа ова се бројки само за гледаноста во неделата вечерта. Се очекува вкупниот број на луѓе кои ја гледале премиерата со одложувања драстично да порасне.

Колку за споредба, премиерата на седмата сезона ја гледаа 16,1 милиони гледачи, а финалето на таа сезона во август, 2017 година го гледаа (тогаш) рекордни 16,9 милиони гледачи.

Ова значи дека популарната ТВ-серија успева да си ги руши рекордите на гледаност од сезона во сезона.

Кога ќе се земат предвид сите прегледи, со одложено гледање, on demand и други стриминг опции, седмата сезона ја имаат изгледано 32,8 милиони луѓе (а тука не може да се пресмета бројот на пиратирани прегледи и симнувања).

Останатите сезони во просек, на сите платформи, имаа ваква гледаност: Сезона 6  - 25,7 милиони; Сезона 5  - 20,2; Сезона 4 – 19,1; Сезона 3 – 14,4; Сезона 2  - 11,6 и Сезона 1 – 9,3 милиони гледачи.

Коментирај