Премиерката на Нов Зеланд ја теши нацијата: Тој е терорист, но никогаш нема да му го спомнам името

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека никогаш нема да го изговори името на напаѓачот од Крајстчерч, кој во две џамии уби 50 лица.

– Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист, но кога ќе зборувам за него, никогаш нема да му го спомнам името. Ве преколнувам, изговарајте ги имињата на оние чии животи се изгубени, а не името на човекот кој ги зеде тие животи, изјави таа за време на обраќањето во Парламентот, кој им оддаде почит на убиените во Крајстчерч.

Таа оцени дека напаѓачот, со својот терористички чин, сакал да стане познат.

– Поради тоа никогаш нема да ме чуете да го спомнам неговото име, изјави Ардерн, која вонредната седница ја отвори со поздравот на арапски „Селам алејкум“.

Триесет и осумгодишната премиерка на Нов Зеланд се соочи со најголемиот предизвик откако во 2017 година стапи на таа функција. Ценејќи според медиумските извештаи и коментарите на социјалните мрежи нејзиното водство во тие тешки моменти го воодушеви светот.

„Џасинда Ардерн зрачи со водство по масакрот во Крајстчерч“, оцени Ројтерс.

„Џасинда Ардерн постави нова дефиниција за тоа што е лидер во време на тероризам“, објави порталот Women in World.

„Џасинда Ардерн само што потврди дека типичното `женско` однесување е моќно“, пишува Sidney Morning Herald.

„Џасинда Ардерн и ожалостените се собраа со песна“, пренесе London Times.

Британските медиуми посочуваат дека таа на теророт одговорила мирно, сочувствително и одлучно. Таа веднаш најстрашното масовно убиство во време на мир на Нов Зеланд го нарече тероризам и се обиде да ја охрабри нацијата, која досега главно не била погодена од насилства и стравови како што беа други западни земји во последните две децении. Еден ден по нападите поведе повеќепартиска делегација во посета на семејствата на убиените и кај претставниците на муслиманската заедница. Носејќи црна шамија, односно хиџаб во знак на почит кон ожалостените муслимани, ги прегрнуваше членовите на семејствата, ги слушаше и нудеше утеха.

– Премиерката дојде со шамија, а тоа беше важно за нас, изјави Далија Мохамед.

Сепак, она што е најважно, како што оцени CNN, таа веднаш најави политички одговор на масакрот – построга регулација на огненото оружје, односно забрана на полуавтоматските пушки, како што користеше фашистичкиот терорист кој во петокот во Крајстчeрч, во две џамии уби 50 муслимани.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе