Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Макфакс/Кајгана
/ 05.02.2025 / 15:25

Почнувајќи од следната сезона, судиите на натпреварите во англиската Премиер лига своите одлуки ќе ѝ ги соопштуваат на публиката на стадионот преку микрофони откако ќе ја прегледаат снимката со помош на ВАР технологијата.

Оваа процедура моментално се тестира на полуфиналните натпревари од Лига купот оваа сезона, а прва практична примена имаше на натпреварот меѓу Тотенхем и Ливерпул, кога на Тотенхем им беше поништен гол поради офсајд.

Главниот фудбалски директор на Премиер лигата, Тони Сколс, им изјави на новинарите дека оваа процедура ќе се користи и за време на натпреварите во лигата.

Полуавтоматската офсајд технологија би можела да биде воведена во Премиер лигата и порано, пред крајот на оваа сезона.

Првично, технологијата требаше да се имплементира по репрезентативната пауза во првиот дел од сезоната, но тоа беше одложено поради проблеми во процесот на тестирање. Сколс рече дека е постигнат напредок во текот на изминатите неколку недели.

„Веруваме дека тоа е најточниот систем. Морам да признаам, со оглед на тешкотиите што ги имавме во првите неколку месеци од сезоната, бев крајно скептичен во врска со ова, но напредокот што беше постигнат во изминатите 4 до 6 недели е значителен“, рече Сколс.

Сколс додаде дека имплементирањето на технологијата на само неколку рунди до крајот на сезоната нема да создаде проблем со интегритетот.

Претставниците на Лигата веруваат дека тоа ќе го скрати времето потребно за проверка на офсајд во просек за 31 секунда.

Полуавтоматскиот офасајд веќе се користи во Серија А, каде постои задоволство од неговата брзина.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе