Премиерот на Гренланд до Трамп: Не сме на продажба

Макфакс/Кајгана
/ 23.12.2024 / 18:09

Гренланд не е на продажба, изјави денеска премиерот Муци Инекунаалук Ееде, реагирајќи на најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на овој арктички остров.

„Гренланд е наш. Ние не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде, пренесе Reuters.

Во неделата Трамп објави дека го избрал Кен Хаури, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска. Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.

Американскиот конгресмен од Грузија, Мајк Колинс, сојузник на Трамп, во ноември предложи САД повторно да се обидат да го купат Гренланд, кој ѝ припаѓа на Данска, пренесува Танјуг.

Во 2019 година, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го „голем договор за недвижнини“.

The Wall Street Journal тогаш објави дека Трамп всушност ги сака богатите природни ресурси на данскиот остров, но данскиот премиер Мете Фредериксен ја нарече идејата „апсурдна“, посочувајќи дека Гренланд „не е на продажба“ содржи огромни наоѓалишта на ретки елементи кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер. Островот е автономен од 1979 година, а Данска ја задржува контролата над надворешните работи, одбраната и монетарната политика. Од 2010 година, автономијата на Гренланд се прошири на подземните ресурси, вклучувајќи ги и активностите за истражување и експлоатација на минерали.

САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколку пати, вклучително и во 1867 година кога државниот секретар Вилијам Х. Севард преговараше за купување на Алјаска од Русија. Вториот обид да се купи се случил во 1910 година, а во 1946 година американската влада ѝ понудила на Данска понуда од 100 милиони долари, која Данците ја одбиле.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе