Премиерот на Шведска, Стефан Левен, соопшти дека поднесе оставка на оваа позиција што подразбира дека сега во земјата ќе се водат преговори за формирање нова влада со цел да се избегнат вонредни збори.
Левен одлуката ја донел откако му е изгласана недоверба.
„Ова е најтешката политичка одлука што сум ја донел“, изјави Левен, но појасни дека е најдобрата одлука за интересите на Шведска и соопшти дека државата не би требало да влезе во процес на вонредни избори.
Барање за гласање недоверба на Владата на Шведска поднесе крајно десничарската партија на Шведските демократи. И од другите опозициски партии претходно порачаа дека ќе гласаат за смена на Левен.
Во 2018 година тој обезбеди втор премиерски мандат. Неговите социјалдемократи формираа власт, но беше принуден да балансира меѓу барањата на партиите.