Премиерот Зоран Заев ќе се вакцинира денеска, на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.
Засега нема информации со која вакцина ќе се имунизира премиерот.
Како што соопшти владината прес-служба, по вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала.