И во вториот ден оваа недела во Лигата на шампионите победите ги однесоа гостинските екипи.
Тимот на Зинедин Зидан имаше тешка задача со гостувањето кај незгодната Аталанта во Бергамо, но натпреварот за домашните се уништи по само 17 минути игра кога Ремо Фројлер престрого заработи директен црвен картон.
Со играч помалку против еден Реал Мадрид, макар и преполовен поради купот повредени играчи, тимот на Џан Пјеро Гасперини сепак не можеше да се снајде. Успешно го одржуваше резултатот на 0:0 сѐ до крајот кога на четири минути пред судискиот свиреж Французинот Ферлан Менди ја затресе домашната мрежа за победа на мадриѓаните.
Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Борусија од Менхенгладбах, натпревар кој се одигра на неурален терен на „Пушкаш“ стадионот во Будимпешта, Унгарија.
Во 29. минута Бернарду Силва го постигна водечкиот погодок за „Граѓаните“, а во 65. минута Габриел Жезус го дуплираше водството.
Победата од 2:0 на гостински терен за Сити практично значи и пласман во четвртфиналето бидејќи тешко е за верување дека Борусија би можела да дојде до победа од два разлика на реваншот.
Сега во Лигата на шампипните следѕва пауза од една недела, а ревашите почнувата од вторник, 9 март кога ќе се сретнат Јувентус - Порто (1:2) и Борусија Дортмунд - Севиља (3:2).