Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Facebook профил објави препораки за патниците кои користат јавен превоз.
Препораки за патници кои користат јавен превоз:
- Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња).
- Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете.
- Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете, напиша министерот Филипче на неговиот Facebook профил.
*фотографиите се преземени од Facebook профилот на Венко Филипче.