Здравје

Препознајте ги навреме симптомите за недостаток на железо во организмот

22. август 2019 - 15:28 | Б.С.Б.

Многу е важно вашето тело да добива доволно витамини и минерали за да функционира нормално. Недостатокот на железо може да предизвика сериозни последици, затоа е важно на време да ги препознаете симптомите, пишува Daily Star.

Недостатокот на железо нè прави чувствителни на инфекции, болести и го зголемува ризикот од развој на некои срцеви заболувања. До недостаток доаѓа кога бројот на црвени крвни зрнца е помал од тоа што е нормално.

Железото е потребно за да се создава хемоглобин, ако го нема доволно во телото тогаш ткивата и мускулите не добиваат доволно кислород и не можат да работат како што треба.

На кои симптоми треба да се обрне внимание?

- умор и недостаток на енергија

- губење на здивот

- проблеми со срцето

- бледа кожа

- главоболка

- промени во чувството за вкус

- чешање

- чувствителен и необично мазен јазик

- паѓање на косата

Пожелно е да се внесува храна богата со железо како месо, риба и зелен лиснат зеленчук. Телото не го апсорбира од храната ако внесувате премногу кравјо млеко.

Коментирај