Здравје

Преработена храна која всушност е здрава

13. февруари 2018 - 18:42 | М.Д.

Сигурно досега сте слушнале дека индустриската, преработената храна не е добра за вас. Секако, свежата храна подобра алтернатива. Сепак, постојат и исклучоци. Еве неколку видови на преработена храна која е преполна со корисни состојки.

Сардина

Сардините се многу здрави риби бидејќи содржат омега 3 киселини. Конзервираните риби обично немаат додатоци како конзерванс или вештачки ароми и бои. Покрај тоа, важните состојки остануваат недопрени. И другите риби од конзерва се добар избор.

Грав од конзерва

Конзервираната варијанта на грав е здрав додаток за брз оброк. За да ја намалите количината на натриум, одберете варијанта без сол или добро го измијте во вода.

Путер од кикирики

Со дури 180-210 калории по порција, путерот од кикирики е многу јака храна. Сепак, не е пожелно да се претерува, но тој е полн со протеински влакна и масти кои се добри за вашето срце. На тој начин го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Сирење

Сирењето е храна која многумина не ја сметаат за здрава. Сепак, сирењето е млечен производ кој содржи многу значајни хранливи материи, како што се калциум, цинк, фосфор и витамин Б12.

Коментирај