Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога во две полициски акции

Скопје, 7 март 2021 (МИА) – Министерството за внатрешни работи вчера во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога, заплени над 500 килограми марихуана и приведе три лица. Точната тежина сѐ уште не е утврдена, затоа што уште е во тек мерењато и вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Северна Македонија и Грција за Турција и досега се запленети (измерени) 424  килограми  марихуана и од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра, соопшти денеска портпароолот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој информира дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството во текот на денот ќе поднесе  кривична пријава против Д.Н.  (47) од Скопје, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1  од Кривичниот законик.

Како што посочи, во рамки на спроведенoто криминалистичко истражување утврдено е дека Д.Н. заради стекнување на противправна имотна корист заминал за Косово со цел да организира и изврши транспорт на марихуана од Косово преку нашата држава и Грција со крајна дестинација Турција.

-Вчера околу 21:30 часот на ГП Богородица, по претходно изготвен план, преземени се мерки и активности и при излез од РСМ од страна на полициски службеници од ОСОСК со асистенција на Царинска управа, извршен е претрес во товарно моторно возило (влекач) „ивеко стралис“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на правно лице  и приколка, исто така сопственост на правното лице, а управувано од Д.Н.. При претресот во приколката помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и одземени се 519 пакувања со марихуана, а  одземени се и еден мобилен телефон со СИМ картичка, две сообраќајни дозволи, клучеви и документација, рече портпаролот на МВР.

Ангеловски додаде дека во текот на денот продолжува претресот на товарното моторно возило, затоа што, како што рече, се работи за голема количина на стока. Д.Н. во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Во друга акција, независна од претходната, вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица, Агенцијата за национална безбедност и Армијата во близина на границата со Грција, атар на село Селемли, пресекоа канал за транспорт на дрога од нашата земја во Грција и запленија околу 93 килограми марихуана.

Приведени се К.К. (28) – организатор на транспортот и С.К. (24) од  селото Селемли, кои во моментот на вршење на кривичното дело биле затекнати до возило „шкода“ во кое била сместена марихуаната.

-Тие се обиделе да избегаат, но набрзо биле лишени од слобода. Извршени се пет претреси на подрачјето на Гевгелија, при што се запленети предмети поврзани со истрагата. Во врска со истрагата, постапува и полицијата на Грција со цел расчистување на случајот со овој канал за трговија со наркотици, посочи Ангеловски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Хроника

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе