Живот

Престанете со пиење пиво од претходно изладена чаша

22. октомври 2017 - 14:27 | К.З.

Многу локали инсистираат да служат пиво во претходно добро изладени (скоро замрзнати) чаши или кригли. Но тоа не е правилниот начин на служење пиво.

Пиењето пиво од претходно изладена чаша не е штетно за здравјето, ниту пак ќе ви предизвика некакви последици од кои ќе се чувствувате лошо. Тоа едноставно го „убива“ вкусот на пивото.

Најголемата причина поради која експертите препорачуваат да не се пие пивото во „замрзнати“ чаши или кригли е поради тоа што ладното стакло го попречува вкусот на пивото. Нормално, тоа нема многу да ви штети доколку пиете евтино пиво, но вистинскиот проблем е ако пиете пиво кое е поскапо и кое би требало да има убав вкус.

Друг проблем е тоа што чашата пред да биде ставена во фрижидер, била измиена, што значи дека постојат големи шанси таа да била сѐ уште мокра тој момент. А тоа пак, значи дека се големи шансите на ѕидовите на чашата да има траги од детергент кој се користел за миење на истата. Тоа може да го измени вкусот и да ве натера да помислите дека пивото е расипано или едноставно, невкусно.

Последната причина е тоа дека изладената чаша прави пивото да прави повеќе пена, а никој не сака да пие полна чаша со пена.

Коментирај