Пресуда против најбогатото семејство во Велика Британија

Четири членови на најбогатото британско семејство се затворени поради искористување на индискиот персонал во нивната вила во Женева.

Пракаш и Камал Хиндуџа, како и нивниот син Аџај и неговата сопруга Намрата, швајцарскиот суд ги прогласи за виновни за експлоатација и незаконско вработување и осудени на четири до четири и пол години затвор, пишува BBC.

Тие беа ослободени од посериозното обвинение за трговија со луѓе. Адвокатите кои ги застапуваат обвинетите рекоа дека имаат намера да поднесат жалба на пресудата. Говорејќи пред судот, адвокатот на обвинетите, Роберт Асаел, рече: „Шокиран сум. Ќе се бориме до крај“.

Тројцата работници кои биле донесени од нивната родна Индија тврделе дека нивното семејство им плаќало само седум фунти за 18 часа дневно, што е помалку од една десетина од износот што се бара според швајцарскиот закон. Им ги одзеле и пасошите.

Нивното богатство се проценува на 37 милијарди фунти

Тие, исто така, тврдеа дека семејството - чие богатство се проценува на околу 37 милијарди фунти - ретко им дозволувало да ја напуштат куќата, која се наоѓа во богатиот кварт Келни во Женева.

За време на судењето, обвинителите тврдеа дека семејството потрошило повеќе на своето куче отколку на своите слуги. Одбраната тврдеше дека вработените имале големи бенефиции, не биле држени во изолација и можеле слободно да ја напуштат вилата.

„Вработените им беа благодарни на семејството Хиндуџа што им обезбедија подобар живот“, тврди Асаел.

Не присуствуваа на судењето, ни на изрекувањето на пресудата

Постар брачен пар, двајцата на 70-годишна возраст, не присуствуваа на судската постапка, поради лошата здравствена состојба. Аџај и Намрата беа во судот, но не беа таму за изрекувањето на пресудата. Ова не е првпат Женева, центарот на бројни меѓународни организации, како и домот на светските богати, да биде во центарот на вниманието поради наводно малтретирање на персоналот.

Минатата година четворица домашни помошници од Филипините поднесоа тужба против едно од дипломатските претставништва на Женева во Обединетите нации, тврдејќи дека со години не добивале плата. Семејството Хиндуџа е сопственик на Hinduja Group, мултинационална компанија за нафта, гас и банкарство. Семејството го поседува и хотелот Raffles во Лондон.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Свет

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Read more

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Read more

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Читај повеќе

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Иран се повлекува од договорот за неширење на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Милена Сиљаноска ја промовира стихозбирката „Куќичка на дрво не може да биде дом“

Читај повеќе

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Читај повеќе