Пресуда за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Села

Скопје, 13 јуни 2018 (МИА) - Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.



На претходното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото. Двајцата во завршни зборови, кажаа дека се покајуваат за стореното дело и дека немале намера никого да повредат.

Застапникот на обвинението Дарко Јакимовски, во завршни зборови, кажа дека со оглед на признанието на вина Судот обвинетите да ги прогласи за виновни  и казни за стореното дело.

- Казната за ова дело е од шест месеци до пет години, што отвора можност за алтернативна санкција. Сметам дека било какво алтернативно казанување ќе значи банализација на делото. Ако вака лесно се влегува во Собранието и се напаѓа, што станува со останатите заштитени објекти. Обвинетите биле свесни, без разлика на поводот, дека ја надминале дозволената граница, рече Јакимовски.

Нагласи дека обвинетите не одговараат само за напад врз  Села, туку за целокупните дејствија во Собранието и прес центарот.

Постапката за седуммина обвинети за нападот врз  Села во Собранието на Република Македонија продолува на 2 и 5 јули, за кога се закажани завршни зборови. За обид за убиство на  Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се  Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе