Пресврт: Најблиската црна дупка до Земјата не била црна дупка

Неодамнешно истражување покажа дека во сончевиот систем HR 6819 сепак нема црна дупка како што претходно беше сензационално објавено.

Вселенското тело оддалечено 1.120 светлосни години од Земјата кое беше етикетирано како најблиска црна дупка до нас сепак воопшто не е црна дупка.

Системот се состои од премногу вжештено сонце наречено Be кое има брзина на ротација од околу 200 километри во секунда и кое испушта водороден гас кој формира диск околу него.

Претходно беше откриено дека сонцето Be е придружено од друго, помало сонце наречено B3 III кое има орбита од околу 40 денови. Двете сонца делуваа како да орбитираат околу трет невидлив објект за кој единственото логично објаснување беше дека е црна дупка.

Темелното истражување покажа дека сепак сонцето B3 III е со далеку помала маса и затоа е повлечено од сонцето Be, иако се слични по големина.

„Тоа покажува дека HR 6819 е бинарен систем кој се состои од масивно сонце Be и негов полесен придружник кој е остаток од некогашна многу поголема ѕвезда“, стои во објаснувањето на астрономите Даглас Гиз и Лукјан Ван од Џорџија Унивезтитетот.

Со други зборови, сонцето Be привлекло дел од масата исфрлена од B3 III.

Нивното истражување се поклопува и со она на научниците од Ловен универзитетот во Белгија кои исто така докажаа дека се работи за две сонца со различна маса. Според Белгијците, сонцето B3 III има маса од 0,4 соларна маса, додека Be има дури 6.

Овие најнови резлтати треба да стават крај на дилемата која трае три децении околу чудниот сончев ситем HR 6819 кој изгледаше како да содржи црна дупка.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе