Живот

Пресврт: Порно актерката му ги враќа парите на Трамп за да открие детали од нивната афера

13. март 2018 - 16:39 | М.Д.

Првата дама на САД Меалнија Трамп, досега, се чини, не по своја желба ги трпеше пишувањата на медиумите за скандали на нејзиниот сопруг. Меѓутоа, тоа би можело сега да се промени и дополнително да се комплицира.

Ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс сака да ги врати парите кои ги добила за молчење, во врска со својот однос со американскиот претседател Доналд Трамп и во јавноста да ги изнесе сите детали од нивната љубовна афера.

Таа понудила да му ја врати сумата од 130.000 долари назад на адвокатот на Трамп, кој и ги дал тие пари во замена за молк, за во јавноста отворено да може да зборува околу својот однос со Трамп и да објави текстуални пораки кои тие меѓусебно си ги разменувале, како и фотографии и видео содржина, пренесуваат американските медиуми.

И покрај тоа што, проблематичната љубовна афера се одиграла пред многу време, во периодот кога Меланија го родила синот Барон, случајот стана актуелен дури изминативе неколку месеци.

Ситуацијата сега, како што може да се каже, и станала досадна и на самата порно ѕвезда.

Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во писмо во кое нејзиниот адвокат Мајл Авенати му го испратил лично на адвокатот на Трамп, пишува дека до петок 16 март таа ќе ги врати сите пари на сметката на претседателот, а дека во замена за тоа конечно слободно ќе може да зборува за аферата, но и за неговите обиди да ја замолчи.

Ваквата „размена“ би им овозможила на оваа порно ѕвезда, ако навистина поседува, да објави било каков материјал поврзан со љубовната врска со претседателот на САД и тоа без никаков страв од можна тужба.

Коментирај