Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Научниците ја открија мистеријата за тоа што ја поттикнува Хантингтоновата болест, разорно и фатално наследно нарушување кое ги погодува луѓето во зрелоста и предизвикува распаѓање и умирање на нервните клетки во делови од мозокот.

Генетската мутација поврзана со Хантингтоновата болест е одамна позната, но научниците не разбрале како луѓето можат да ја имаат мутацијата од раѓање и да не развијат проблеми до подоцна во животот.

Новото истражување покажува дека мутацијата, изненадувачки, е безопасна со децении. Сепак, тивко прераснува во поголема мутација додека на крајот не го надмине прагот и не почне да генерира токсични протеини кои ги убиваат клетките.

„Загатката во нашата област беше: Зошто имате генетско нарушување кое се манифестира подоцна во животот, ако генот е присутен при зачнувањето“, рече Марк Мелер, шеф на Медицинскиот институт „Алберт Ајнштајн“.

Мелер изјави дека ова истражување е пресвртница и дека дава одговори на многу прашања кои долго време ја мачат областа. Смртта на мозочните клетки на крајот доведува до проблеми со движењето, размислувањето и однесувањето.

Симптомите на оваа болест вклучуваат неволни движења, нестабилно одење, промени во личноста и нарушено расудување. Тие обично започнуваат на возраст од 30 до 50 години и постепено се влошуваат во следните 10 до 25 години.

Научниците од Институтот „Броад МИТ и Харвард“, болницата „МекЛин“ во Масачусетс и Медицинскиот факултет при „Харвард“ проучувале мозочни ткива донирани од 53 лица со Хантингтонова болест и 50 мозочни ткива донирани од луѓе без оваа болест.

Анализирале половина милион клетки, фокусирајќи се на Хантингтоновата мутација, која вклучува дел од ДНК во одреден ген каде низата од три букви CAG се повторува најмалку 40 пати.

Откриле дека ДНК со 40 или повеќе такви „повторувања“ се зголемува со текот на времето додека не достигне должина од стотици CAG секвенци. Кога бројот на секвенци ќе достигне околу 150, одредени типови на неврони се разболуваат и умираат.

Тагови
реклама

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Наука

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Read more

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Read more

Научниците открија две фази на големото испарување на Средоземното Море

Read more

Што наследуваме од мајката, а што од таткото?

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе