Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Во ноќните часови ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Од утре следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Дневната температура ќе опадне уште за неколку степени.