Свет

Претходно Тереза Меј, сега Борис Џонсон се заглави во автомобил

21. јануари 2020 - 13:40 | Б.С.Б.

Британскиот премиер Борис Џонсон откако стигна во Берлин во неделата, за кратко време остана заробен во автомобилот, а непријатниот момент е многу сличен на оној кога Тереза Меј се најде во слична ситуација.

Џонсон пристигна во Берлин за да им се придружи на колегите од Европската Унија. Германската канцеларка Ангела Меркел стоеше на црвениот тепих чекајќи го Џонсон, додека од обезбедувањето се обидуваа да ја отворат заглавената врата.

По неколку обиди вратата конечно се отвори. Џонсон сето тоа време седеше внатре, а RT на таа ситуација гледа како соодветна метафора за годината со тешкотии во односите меѓу Велика Британија и ЕУ.

Џонсон е во Берлин поради мировните преговори за Либија.

RT потсетува дека неговата претходничка Тереза Меј доживеа сличен инцидент во декември 2018 година кога се сретна со Меркел во Берлин. Таа замина во Берлин заради преговорите за Брегзит, но се заглави во автомобилот и излезе од него по низа обиди.

Коментирај