Македонија

Претпладне сончево, од пладне облачноста ќе се зголемува

4. јануари 2020 - 9:30 | МИА

Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а од пладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладне со зголемена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Утрово најниски температури беа измерени во Берово – 10 и во Скопје – 8 степени. Во Петровец, Демир Капија -7, додека во Тетово, Битола и Струмица – 6. 

Во Дебар, Штип и Маврово, утрово се измерени – 5 степени, а во Куманово, Крива Паланка и Прилеп, – 4.  Скопје Зајчев Рид, Претор -3 и Охрид, а 2 степени во Гевгелија и Крушево.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека висината на снежната покривка во 07 часот била 10 сантиметри во Маврови Анови два на Попова Шапка.

Коментирај