МВР објави снимка

Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп: Уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на Европол, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави.

Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 година на територијата на Република Северна Македонија и на Република Србија формирана е организирана криминална група, составена од македонски и српски државјани, која имала за цел изработка и пуштање во оптек на фалсификувани пари. Во стан на подрачје на Скопје, по претходно направени специјални машини со гравирани плочи кои имитирале сигурносни знаци на пари, биле изработувани лажни пари во различни апоени. Вака изработените лажни пари организираната криминална група ги пуштала во оптек во платниот промет на Република Северна Македонија и Република Србија, а голем дел од нив завршувале и во платниот промет на Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.

Во рамки на акцијата на територија на Република Северна Македонија, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес и Прилеп кај правни и физички лица, при што лишени од слобода се 10 лица (9 лица од Скопје и 1 лице од Велес). При извршените претреси пронајдени и одземени се предмети и парични средства кои ќе бидат предмет на вештачење и тоа: околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 рубли, CNC машина за изработка на калапи, жигови и валјаци со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, 3 пиштоли, 1 пушка, 100 парчиња куршуми калибар 9 мм, 40 патрони калибар 12 мм, кесе исполнето со бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, повеќе телефонски апарати, СИМ картички, УСБ и лаптопи.

Во рамки на акцијата спроведена во Република Србија лишени од слобода се 6 лица, членови на организираната криминална група, при што пронајдени и одземени се околу 153.700 евра.

Активностите ќе продолжат и понатаму во рамки на отворената меѓународна истрага и во текот на денешниот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против 6 македонски и 2 српски државјани.

реклама

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Откриена причината за фаталниот судир на хеликоптерот со патничкиот авион над Вашингтон

Read more

Хроника

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Акција во МВР: Се истражува Одделот за општи и заеднички работи

Read more

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Read more
 

Вести

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Читај повеќе

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Читај повеќе

Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Читај повеќе

Се воведува Итно копче за брза помош на центарци

Читај повеќе