Претреси поради даночно затајување и перење пари во повеќе градови

По доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти, информираат од обвинителството.

Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издал наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, се наведува во соопштението.

„Полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координарано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедија бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката“, соопшти ОЈО.

Тагови
реклама

Македонија

Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите

Read more

Муцунски ќе предложи државата да ги покрие трошоците за престојот на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство

Read more

Осомничен за пожарот во Кочани: Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот

Read more

Министерот Тошковски: Концертот во таа „штала“ бил одржан „на диво“

Read more
 

Вести

Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите

Читај повеќе

Муцунски ќе предложи државата да ги покрие трошоците за престојот на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство

Читај повеќе

Осомничен за пожарот во Кочани: Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот

Читај повеќе

Распишана централна потерница за Додик, Вишковиќ и Стевандиќ

Читај повеќе

Министерот Тошковски: Концертот во таа „штала“ бил одржан „на диво“

Читај повеќе

Тошковски: Досега е извршена обдукција на 15 лица

Читај повеќе

Тешка е состојбата на 14-те пациенти примени во бугарските болници по инцидентот во Кочани

Читај повеќе

Путин и Трамп утре ќе разговараат за судбината на најголемата нуклеарна централа во Европа

Читај повеќе

Градоначалникот на Кочани даде неотповиклива оставка

Читај повеќе