Македонија

Претседателката на Меѓународниот сојуз на распит за „Рекет“

20. септември 2019 - 11:39 | МИА

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, денеска дојде во Обвинителството за организиран криминал да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Во Обвинителството се очекува денеска да сведочи и бизнисменот Зоран Азманов.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал осомничени се сопственикот на 1ТВ Борјан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

Коментирај