Претседателката на Тајван се повлече од лидерското место во партијата по поразот на изборите

Тајпеј, 24 ноември 2018 (МИА) – Претседателката на Тајван, Цај Ингвен се повлече денеска од лидерското место во владејачката Демократска прогресивна партија по големиот пораз на локалните избори.

Во својата изјава на прес-конференција таа истакна дека не ја прифатила оставката на премиерот Вилијам Лај, кој претходно денеска, исто така, побара да се повлече од својата функција.

Партијата на Ингвен го загуби градоначалничкото место во јужниот пристаништен град Гаосјун, кој е втор по големина во Тајван веднаш по Тајпеј, по 20 години владеење. Изборите таму ги освоија националистите. Тие ја победија Демократска прогресивна партија и во третиот по големина град Тајџун.

Во главниот град Тајпеј досегашниот градоначалник, кој се бореше на изборите како независен кандидат, има најголеми шанси да добие втор мандат.

Денешните избори за градоначалници и илјадници други претставници во органите на локалната власт претставуваа еден вид референдум за владеењето на претседателката Цај. Таа е на власт две години, а Пекинг ја напаѓаше поради нејзиното одбивање да ја поддржи теза тадека Тајван е дел од Кина.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе