Претседателот и двајца членови на ДИК поднесоа оставки

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, и членовите Виолета Дума и Игор Милев поднесоа оставки.

Ваквиот потег следува откако во јавноста излегоа информации дека во изминатите 18 месеци во три наврати членовите на ДИК си доделиле вкупно 12 надоместоци.

Чичаковски претходната недела објави дека ќе ги донира парите на невладината „Полио плус“, за проекти за лицата со хендикеп. Милев и Дума ги вратиле бонусите во Буџетот.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува во 2020 година.

Според Одлуката за исплата на надоместоците за спроведувањето на последните локални избори и Правилникот за определување надоместоци, донесени на затворена седница на 16 ноември, членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати.

Четири дополнителни нето исплатени плати добиле претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, заменик-претседателот Реџеп Прекопуца, како и членовите на комисијата Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Бедредин Ибраими, предложен од ДПА, и Ермира Асани Салија, која седна на неговото место предложена од Беса, добиле дополнителни две нето исплатени плати.

Инаку, за закажаните, а неодржани избори во април минатата година членовите на ДИК си поделиле три плати. Пет плати бонус, пак, зеле за предвремените парламентарни избори, што ако се сумира вкупно, станува збор за 12 дополнителни плати во периодот од година и половина, односно 30 плати за 18 месеци.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе