Претседателот на Бугарија одбива да ја потпише декларацијата за членство на Украина во НАТО

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, одби да го потпише целиот текст на декларацијата на деветте источноевропски земји поради член со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Документот беше потпишан на 2 октомври од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска.

„Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО. Претседателот поддржува други позиции кои се наоѓаат во документот“, се вели во соопштението јави вчера БТА.

Иако Бугарија на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година потпиша декларација за идното членство на Украина, тоа се случуваше во сосема поинаква безбедносна ситуација.

Радев смета дека одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина како страни во конфликтот ќе елаборираат, прифатат и спроведат јасни параметри за мирно решение.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина поднесува барање за забрзано членство во НАТО.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе