Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Макфакс
/ 15.01.2025 / 09:04

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека земјата никогаш не планирала да го убие новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Тој го кажа ова за NBC News и ги демантираше тврдењата на самиот Трамп и американското Министерство за правда за време на изборната кампања, дека има заговор на иранската елита да го убие Трамп.

„Никогаш не сме се обиделе да го направиме тоа и никогаш нема да го направиме. Ова е уште една од оние шеми што Израел и други земји ја осмислуваат за да ја промовираат иранофобијата. Иран никогаш не се обидел ниту планирал да убие некого. Барем колку што знам“, рече Пезешкијан.

Запрашан дали Иран е подготвен да вети дека нема да има обид за атентат на Трамп, Пезешкијан рече дека Иран никогаш не се обидел да го стори тоа и никогаш нема да го направи. Трамп, кој победи на минатогодишните избори во САД и ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, преживеа два обида за атентат за време на кампањата – еден во септември додека играше голф на својот терен во Вест Палм Бич, Флорида, и друг на митингот во јули во Пенсилванија.

Инспекторите не пронајдоа докази дека Иран бил вклучен во тие обиди. Иран, исто така, претходно ги негираше тврдењата на САД за мешање во американските работи, вклучително и сајбер операциите.

Пезешкијан додаде дека Иран во принцип е отворен за дијалог со втората администрација на Трамп, но дека Америка не ги исполнила своите обврски во минатото и дека се обиделе да ја соборат иранската влада. „Ќе треба да се посветиме на обврските кои произлегуваат од разговорот и дијалогот“, рече Пезешкијан. Тој додаде дека Иран разговарал со големите сили за својата нуклеарна програма, дека ги поддржува сите обврски, но дека другата страна не ги исполнила своите ветувања и обврски.

Пезешкијан рече дека Иран не бара војна, но дека ќе биде подготвен да се брани доколку неговите нуклеарни локации бидат нападнати.

„Не се плашиме од војна, но не ја ни бараме. Се надевам дека нема да дојде до тоа бидејќи тоа ќе биде на штета на сите актери, не само на нас“, рече тој и додаде дека противниците на Иран го обвинуваат Техеран дека се обидува да изгради бомба, но дека тоа не е вистина, пренесува Танјуг.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе