В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, поднел оставка од функцијата претседател на кривичниот суд, објави судот на официјалната веб-страница.
Тој пред неколку дена заминал на боледување. Негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.
„На 25.10.2017 година ВД Претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје Стојанче Рибарев до Судскиот совет на Република Македонија достави писмено известување дека поднесува оставка на функцијата ВД Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје и по неговото разрешување да продолжи да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија. Според наводите во известувањето, причините за поднесувањето на оставката се од лична природа“, објави Судскиот совет.
Судскиот совет во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница и ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности.