Претседателот на Танзанија тврди дека Бог ги штити од корона: Вакцините не се добри

Б.С.Б.
/ 27.01.2021 / 18:33

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, вели дека на неговата земја не ѝ треба карантин затоа што Господ ги штити од коронавирусот, а решенија се домашните „лекови“ како што е вдишување водена пареа и се поефикасни од вакцините.

„Вакцините не се добри. Ако беа добри, тогаш белецот ќе направеше вакцина за ХИВ/СИДА, рече Магуфули во говор во западниот дел на земјата.

Во Танзанија, земја со околу 58 милиони жители, од почетокот на пандемијата официјално има 509 лица заразени со коронавирусот и 21 смртен случај.

Соседна Кенија, која има 47,6 милиони жители, има 100.000 заразени и 1.700 мртви.

„Ние не се заклучивме и не очекуваме да го сториме тоа. Не мислам дека некој ќе прогласи општ карантин затоа што нашиот Бог е жив и тој ќе продолжи да нè штити, рече Магуфули на свечено отворање на нова фарма во неговиот роден град во областа Чато.

„Исто така, ние ќе продолжиме да преземаме превентивни мерки, вклучително и вдишување пареа. Вдишувајте додека се молите на Бога, молете сè додека одгледувате пченка, компир, за да можете да јадете добро и коронавирусот да не може да влезе во вашето тело. Многумина ќе ве исплашат, но мора цврсто да истраете, додаде тој, обраќајми му се на народот

Магуфули минатата година се сомневаше во веродостојноста на странските тестови на коронавирус, па нареди наместо луѓе тајно да се тестираат животни и овошје. Откако резултатите испаднаа позитивни, тој ги прогласи за технички неисправни.

Неговата влада беше критикувана од меѓународната заедница бидејќи криеше податоци за заразените, а Магуфули објави дека на коронавирус позитивни биле папаја, кози и овци.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе